поларизира
поларизираат; поларизирал; поларизиран; поларизирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 32160
1.
Предизвика поларизација.
Примери:
Прекршувањето ги поларизира светлосните зраци.
2.
Подвои, спротивстави до крајност.
Примери:
Тоа ги поларизира двете носечки идеи.
Таа го поларизира сопственото семејство.
3.
(се поларизира) Доживее поларизација, се подложи на поларизација.
Примери:
Двете најмоќни партии се поларизираа.
Ставот за натамошните акции се поларизира.
Изведенки
поларизирање ср.
глаг. им.
глаг. им.